Гостиварец пукал со пиштол на свадба и ранил гостин во брадата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.М. (58) од с. Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“ и „предизвикување општа опасност“.

Д.М. на 16.07.2017 година околу 14.50 часот на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, на свадбена прослава, од пиштол марка “Црвена Застава ТТ“ испукал два куршуми. Откако забележал дека рамката излегла од пиштолот, повторно ја вратил назад, се обидел да го репетира оружјето и потоа пиштолот го вперил кон асфалтот и испукал уште еден куршум. Во тој момент пријавениот забележал дека Ц.Ѓ. (31) од Гостивар имал повреда на брадата, по што бил пренесен во Медицински Центар Гостивар, од кадешто поради серозноста на повредите бил префрлен во Универзитетска Клиника за хирургија во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e