(ФОТО) Златко Марин со поддршка за меѓународниот ден на велосипедизмот

Kандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Златко Mарин, вчера, заедно со неговиот син учествуваше на  настанот по повод Mеѓународниот ден на велосипедизмот.

Еве што напиша Марин на својот Фејсбук профил: 

“Квалитетот на водухот мора да го подобриме. Затоа денеска го поддржав Меѓународниот ден без автомобили. Често возам велосипед со мојот син, Лука. Возењето велосипед освен што придонесува до развивањ на спортскиот дух и одржување на здравјето, позитивно влијае и на квалитетот на воздухот.
Како кандидат за градоначалник на општина Аеродром, заедно со мојот тим и централната власт, предвидовме мерки кои ќе влијаат во подобрување на квалитетот на воздухот.
– Во соработка со Град Скопје ќе ги дополниме линиите за користење на јавен трнспорт.
– Ќе ја поврземе општина Аеродром со соседната општина Кисела Вода со нова врска преку пругата за Велес. Спојувајќи ги 3-та Ударна Бригада и Првомајска кај Расадник, врската ќе ја премине пругата зад фабриката Раде Кончар и ќе содржи функционални пешачки и велосипедски патеки.
– Дополнително, имаме предвидено нови паркинг решенија кои ќе ги ослободат тротоарите од возила.
– Ќе работиме интензивно и на соодветни инфраструктурни решенија во деловите од општината кадешто недостасуваат тротоари и велосипедски патеки.
За квалитетот на воздухот треба да придонесеме сите затоа што здравјето ни треба на сите нас. Инвестирањето во здравје е инвестирање во иднината”.

21752406_1918835925049357_5545329924142154111_n 21617981_1918835971716019_6940771149647782346_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e