(ФОТО) Граѓаните од населба Маневци масовно излегоа за поддршка на Мицевски

Стартот на кампањата за локалните избори ОО на СДСМ Крива Паланка го означи со средби со граѓани од населбата Маневци. Пред стотината присутни граѓани од овој дел на градот свое обраќање имаше носителот на советничката листа на Сдсм и коалицијата ,Изабела Павловска. Таа посочи дека имаат многу понудени решенија за локалните избори, што ќе направат,дел од нив ќе презентираат во директните средби со граѓаните а дел граѓаните сами ќе прочитаат во изборната програма.

22091484_10210409022765378_1885620953_n– Во претходните 8 години не е направено ништо за овој град а актуелниот градоначалник со селективниот пристап не задолжи премногу. Во нашата програма имаме предвидено да ја реконструираме улицата 8 ми Октомври, изградба на нов пат покрај Дурачка река,да го средиме водоснабдувањео, канализацијата и да изградиме нови детски игралишта, посочи Павловска.

Таа на насобраните граѓани им вети проширување на програмата со одлука на советниците се за подобри услови за живот на своите сограѓани.

-Дождот бил бериќет, тоа е добар старт за нашата кампања,за презентирање на нашите идеи и за се она што планираме да го направиме во иднина заедно со нашиот премиер Зоран Заев и нашиот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, затоа да ги следиме нивните чекори,порача носителот на советничката листа Изабела Павловска.
Пред бројните кривопаланчани од населбата Маневци се обрати и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој истакна дека вечерва е со своите сограѓани затоа што кандидатот за градоначалник Борјанчо Мицевски е на промоција на кандидатите за градоначалници на централниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Битола но затоа тој секогаш е овде за своите сограѓани и така ќе биде во иднина.

22016342_10210409018045260_2033026567_n

„Овие неколку дена сум во Крива Паланка и морам да кажам дека се гледаат промените на централно и на локално ниво а тоа е победа на 15 –ти октомври. Овие 20 дена заено со нашите тимови ќе ги посетиме сите населени места, ќе влеземе во секој дом,ќе тропнеме на секоја врата. Овие избори се многу важни за СДСМ, за секој човек и за иднината на Република Македонија, да отвориме нов пат за нови процеси,за нови победи, за враќање на парите на граѓаните и да ја вратиме правдата и довербата кај секој наш човек“, посочи министерот Николовски.
Тој истакна дека целата кандидатска листа на советници значи искуство, доверба, одговорност и професионалност со исклучително авторитетни личности кои ќе воведат нови стандарди и вредности во идниот Совет на општина Крива Паланка и заедно со идниот градоначалник ќе ги реализираат ветувањата од планот за живот.

„Поминавме низ многу битки, низ многу процеси и покажавме дека можеме да се избориме за промени. Направивме многу работи во кои верувајте срушивме режим со пенкало а сега на 15 октомври ќе ставиме крај на локалните шерифи, на криминалците и рекетарите и ќе отвориме нова и чесна приказна. Имаме кандидат за градоначалник Борјанчо Мицевски кој убедливо води на сите анкети пред кој и да е кандидат на опозиционата ВМРО – ДПМНЕ. За овие избори направивме коалиција со 22 политички партии, НВО, здруженија и индивидуалци кои веруваме дека ќе донесат победа на овие локални избори. После 11 години СДСМ има можност да организира фер и демократски избори,ќе нема притисоци и закани,штанцање на експресни решенија и злоупотреба на ресурси со кои и имаат такви резултати на изборите, сега ќе имаме чиста и огромна победа која ќе дојде уште во првиот круг за Крива Паланка, регионот и за цела РМ“, дециден беше Николовски.

22014868_10210409020365318_467838642_n

Тој рече дека за само сто дена новата влада направила многу,со забрзана реалзиација на Планот за Живот,укинување нарадиодифузната такса,минимална загарантирана плата,укинување на екстерното, донесување на законот за стечајни работници како и поддршка на малите и средните претпријатија со низа мерки и поволности.
„Имаме влада отворена за граѓаните која има широка поддршка од меѓународната заедница ,Македонија гради добри односи со соседите, за Македонија доаѓаат позитивни сигнали од секаде.

После долги години Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и ќе ја добие поканата за членство во ЕУ. По победата на локалните избори да ја упатиме пораката дека Груевски и Мијалков ќе станат минато и никогаш повеќе нема да се вратат на политичиката сцена. Затоа сите заедно а не има многу,да застанема на страната на вистината, за иднината на земјата.Имаме човек премиер, кој и покрај се остана на своето и не дозволи да го заплашат уцените и заканите при бомбите,формирањето на техничката влада но и на 27 април кога бевме подготвени со крв да ја платиме нашата победа. Гласот за Вмро дпмне е глас за Груевски и Мијалков за криминалот и враќање повторно назад на сите започнати процеси. Гласот за Борјанчо Мицевски, Изабела Павловска и советничката листа на СДСМ и коалицијата е глас за Живот на граѓаните на Крива Паланка“, заврши во своето обраќање министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Присутните за време на средбата имаа можност да поставуваат и прашања кои ги засегаат од нивниот секојдневен живот. Така да можеше да се слушне за проблемите со хаосот од возила на доста прометната улица 8 Ми Октомври, користењето на водата од реката за наводно производство на струја, решавање на проблемот со канализацијата како и високите цени кои ги плаќаат при сеча на шума.

– Имаме план и решенија за вашите проблеми, бараме доверба за да ги решиме, порача носителот на листата, Изабела Павловска.

22054403_10210409018845280_1927336509_n

22052483_10210409019085286_1284848212_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e