(ФОТО) ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Активисти на ВМРО-ДПМНЕ од Кр.Паланка уништуваат јавни површини

Активисти на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка, членови на Унијата на млади сили, фатени се на дело како ги уништуваат јавните и приватни површини во општината, чкртајки кај ќе стигнат графити со политички пораки.

Откако биле фотографирани од случајни минувачи, граѓани кои се загрижени за уништувањето на јавниот простор, активистите на ВМРО-ДПМНЕ се обиделе да ги сокријат своите лица и не бидат идентификувани.

Граѓаните, помеѓу хулиганите препознале внук на кандидат за советник од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Крива Паланка.

22447369_10210979671468739_590527464_n9

Инаку, владејачката СДСМ излезе со реакција во врска со настанот од изминатата ноќ, во кој според нив активисти на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка, на повеќе јавни површини во општината со пишување на бројот 19 и името на слоганот и на кандидатот на СДСМ се обиделе да внесат забуна кај населението и ја претстават СДСМ како партија во едно поинакво светло.

“Младите послушници на Арсенчо Алексовски, не размислувајки дека прават огромна штета врз јавниот и приватен имот, ја исполнија задачата дадена од нивниот наредбодавател. Ова е провидно сценарио кое нема да го спаси Алексовски од убедливиот пораз кој ќе му се случи во недела. На Алексовски му порачуваме, да престане со неговите мрачни идеи и удбашки методи, со кои ги вовлекува младите активисти од таа партија во дела за кои ќе мора да одговараат.” – стои во реакцијата од СДСМ Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e