(ФОТО) Членството на ВМРО-ДПМНЕ од Кр.Паланка демотивирано: Слаб одзив на завршниот митинг во Скопје

ВМРО – ДПМНЕ која во Крива Паланка ја има локалната власт, денеска на градскиот плоштад успеа да собере само околу 250 нејзини поддржувачи кои успеаа да отпатуваат на централниот митинг на партијата во Скопје.

Иако поаѓањето беше закажано за 17ч, сепак петте автобуси, по многуте телефонски повици од страна на организаторите тргнаа со задоцнување од дури час и половина односно некаде околу 18.30ч.

22497502_10210369782069100_1737649317_n

Ако се спореди со присуството на доскорашните нивни митинзи, оваа бројка е значително помала  од оние предходно кога ја имаа централната власт.

За разлика од нив пак, сега владеачката СДСМ, на централниот митинг предходната недела успеа да партиципира со некаде од околу 900 свои поддржувачи во над 15 автобуси, неколку комбиња и дваесетина автомобили.

ВМРО -ДПМНЕ ниту на митингот во Крива Паланка не помина кој знае колку добро со оглед на тоа дека имаше во најмала рака двојно помалку од оној на СДСМ, па според тоа на еден ден до изборите може да се каже дека победникот на локалните избори во Крива Паланка е веќе познат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e