Стефан Богоев, кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, синоќа имаше средба со граѓани од населбата Тафталиџе, една од најубавите населби во Скопје.
Според Богоев, во изминатиот период, токму во оваа населба се уништија голем број на паркови и зелени површини.
“Кажуваме стоп на бетонското лудило. Со мојот тим се обврзувам на значително разеленување на општината и планирање на зеленилото во #Карпош.”, вели Богоев.