Богоев ќе го продава џипот на Стевче за да купи возила за оддржување на хигиената

Советот на Општина Карпош донесе одлука за давање на продажба на четири автомобили, меѓу нив: „ауди Q7“, потоа „Санг Јонг“, „Форд фиеста“, „Волво“ и „Застава југо“, потврди за „Фокус“, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Тој додава дека парите од продажбата на возилата ќе бидат пренаменети за набавка на ново возило за собирање на отпад и лисја.

– Со парите ќе купиме ново камионче за собирање на отпад и лисја. Тоа ќе биде обично товарно камионче наместо луксуз, зошто имаме проблем со хигиената во општината – истакна Богоев.

Инаку, џипот „Ауди Q7“ го користел поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e