Бочварски: Се оградувам од било каков говор на омраза, тоа е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ

Јавно сакам да се оградам од било каков вид на говор на омраза кон моите политички опоненти. Вакви ниски подметнувања и спинови се својствени единствено на ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту јас ниту било кој функционер на СДСМ нема никогаш да се служи и да користи вакви морбидни шеги.
Говорот на омраза е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата кампања. ВМРО-ДПМНЕ се тие кои ги поделија и раскараа нашите граѓани.
СДСМ е победник на овие Локални избори и нема да дозволи никој да фрли дамка врз нашата позитивна кампања.

Благој Бочварски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e