Белгиски инвеститори во посета на Општина Крива Паланка

Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот Борјанчо Мицевски оствари средба со потенцијални белгиски инвеститори и лобисти.

На состанокот, белгиските инвеститори изнесоа идеја и пројавија интерес за инвестирање во еден долгорочен проект, кој се однесува на изградба на економско-пристапни станови за млади брачни парови, а во насока на подобрување на начинот на домување на младите и нивно понатамошно задржување во локалните заедници.

Во почетениот период од нивниот проект, инвеститорите таргетираат пилот општини во кои градоначаниците имаат визија за брз економски раст и развој и  подобрување на условите за живот и работа на младата популација. За таа цел тие веќе оставриле средби со ресорните министерства, со претставници на Владата, а сега и со локалните челници, заради координација помеѓу централната и локалната власти, а во насока на испитување на евентуалните законски пречки во спроведување на ваков проект.

Градоначалникот Мицевски ја поздрави инцијативата за ваков вид на инвестициски проект. Во оваа прилика, градоначалникот изрази желба и упати покана за неколкудневна нивна посета на нашата општина. На тој начин потенцијалните инвеститори ќе имаат директна можност да се запознаат со ресурсите и можностите со кои  располага Општина Крива Паланка.

–  Секогаш ќе ја имате нашата поддршка, и јас како прв човек на општината ќе настојувам оваа соработка да се постави на здрави основи и во насока на подобрување и унапредување на можностите за побрз и поефикасен начин на реализација на инвестиции од ваков  тип. Оптишна Крива Паланка има извонредни природни услови, ресурси и можности за инвестиции и во сферата и на туризмот и угостителството, како и во други области, како што е спортот, младинскате иницијативи, културата и затоа ваквиот линк и соработка е особено битен како концепт, а придобивките се од пошироко значење, особено во насока на задржување на младата популација во локалните заедници – рече градоначалникот Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e