Арсиќ: Стратегијата е продолжување на планот на претходната Влада, нема градење станови за бегалци

Според Арсиќ, стратегијата е продолжување на истата која ја донела претходната Влада за период од 2009-2015 година, а ова е само нејзино продолжение кое не било донесено во 2015 година поради бегалската криза која траеше тој период. Арсиќ додава дека опозицијата шири невистини дека стратегијата предвидува дека Македонија ќе биде место за престој на бегалците.

– Морам да кажам дека во оваа нацрт стратегија никаде не стои и нема да стои дека ќе се градат нови станови, дека ќе се градат нови кампови, дека ќе се дадат државјанства на било кој, кој не припаѓа овде во Македонија или пак некои други насоки кои не се во интерес на граѓаните на Куманово или во интерес на граѓаните на Република Македонија. Тоа се гледа и со фактот дека во 2016 година кога се заврши оваа бегалска криза, тогаш во камповите во Гевгелија и Куманово имаше 1.600 бегалци, а сега смао 40. Тоа се 13 во кампот во Гевгелија и 27 во кампот на Табановце. Тоа ни покажува дека бегалската криза е завршена и бегалците не се тука за да останат, туку во транзит, додава Арсиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e