Општина Кр.Паланка: Документи за поврзаноста на Камчеви со Веибо Груп

По изјавите на градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски дека постојат сомнежи за сопственоста на компанијата Веибо груп и дали воопшто тоа е некаква странска инвестиција или е фирма која е во сопственост на фамилијата Камчеви, извинување или докази дека тоа е навистина така побара компанијата Орка Холдинг на Орце Камчев.

Од друга страна пак кривопаланечката јавност добро знае дека пред да се појави Веибо груп, во Крива Паланка работеше компанија која беше во сопственост на фамилија Камчеви.

Од кабинетот на градоначалникот доставија документацијата со која тврдат дека според нив Мицевски е во право. На сликите подолу се гледа дека навистина компаниите ДПТУ КАРА АД Скопје застапувана од управител од фамилијата Камчеви и ДПТУ МОНТ ДООЕЛ Скопје, и двете на иста адреса на регистрација на ул.Скупи бр.3А, Скопје, склучиле договор за регистрација на Друштво со ограничена одговорност со име Веибо гармент продакшн Македонија ДОО.

2018-02-02 09-01-06_0430

2018-02-02 09-02-09_0431

2018-02-02 09-03-12_0432

2018-02-02 09-08-20_0437

Од општината тврдат дека истата оваа новоформирана компанија е заведена во катастарскиот план на општина Крива Паланка на ул. Индустриска бр. 9, на парцела на која се наоѓаше и поранешната компанија на фамилијата Камчеви, а каде што сега своите економски активности ги изведува новоформираната компанија, Веибо гармент продакшн Македонија.

Според нив, дека се работи за истите простории во кои работи сегашната компанија и дека тоа е истата компанија која е основана од страна на ДПТУ КАРА АД Скопје и ДПТУ МОНТ ДООЕЛ Скопје, покажуваат и матичниот број 6989136 под кој субјектот е заведен во централниот регистар на Република Македонија а тука приложен во имотниот лист број 9997.

2018-02-02 09-13-38_0439

2018-02-02 09-14-38_0440

Кога од општина Крива Паланка до компанијата ДПТУ КАРА АД Скопје пак изготвиле и доставиле решение за наплата на данок на имот, од компанијата доставиле изјава со која велат дека недвижниот имот, предмет на оданочување е оттуѓен, односно истиот е пренесен на компанијата ДПТУ Веибо гармент продакшн Македонија ДОО Крива Паланка.

2018-02-02 09-20-36_0445

Во прилог на ова е и веб страницата на Веибо гармент продакшн Македонија на која се потврдува дека ги користи истите простории кои ги користеше поранешната компанија на фамилија Камчеви.

prostoriihttp://www.weibo-garment.com/ –  веб страницата на Веибо гармент продакшн Македонија

Дополнително на ова е и фактот што на самата веб страница на компанијата матичниот број е 6989136, истиот оној кој е заведен како матичен број на компанијата која е основана од ДПТУ КАРА АД Скопје и ДПТУ МОНТ ДООЕЛ Скопје, прикажан и во имотниот лист и на самата веб страница, стои во реакцијата од општината.

embs

http://www.weibo-garment.com/about/

Следејки ги овие документи се поставува прашањето дали компанијата во Крива Паланка  сепак е некаква турска инвестиција или пак е компанија која припаѓа токму на фамилијата Камчеви?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e