40 години од постоењето на ООУ “Дане Крапчев”

По повод 40от јубилеен патронен празник на ООУ “Дане Крапчев” во просториите на училиштето беше подготвена пригодна манифестација за роденденот.

Покрај прекрасниот мандолински оркестар на маестро Ванчо Јовчев со свои изведби и музички точки настапуваа најмалите и најголемите ученици од училиштето и секако имаше кратко потсетување пред присутните гости за животот на Дане Крапчев.

Градоначалникот Борис Георгиевски се обрати пред присутните ученици и гости, им го честита роденденот и им посака успех на учениците а на вработените понатамошна успешна работа во образованието и едукацијата на децата.

IMG_2866

IMG_2849

IMG_2818

IMG_2804

IMG_2797

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e