17–годишник прегази жена во Крива Паланка

17 – годишник прегазил 44-годишна жена која починала на место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на главната улица „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, објави Канал 5.

Според Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила денеска околу 14.30 часот кај објектот на поранешната текстилна фабрика „Карпош“, кога возило „ауди А3“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Н. роден 2001 година, движејќи се од центарот на Крива Паланка кон периферијата удрило во пешак – жена со иницијали И.Н. родена во 1973 година.

Жената од ударот добила животозагрозувачки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Здравствен дом Крива Паланка, каде бил извршен обид за реанимација, но неуспешен, по што е констатирана смрт.

Увид извршиле екипа на МВР и Основното јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e