Зошто најбогатиот Македонец Јордан Камчев не е успешен само во медиумскиот бизнис?

Силни потреси во медиумскиот простор се случуваат непосредно пред почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 11 декември. Прв на удар е весникот „Утрински весник“, чија судбина е неизвесна, но прогнозите се лоши.

Според информациите кои се проширија во новинарските кулоари, раководството на МПМ, под чија закрила е весникот им поставило ултиматум на вработените – или десет луѓе да си заминат од компанијата или весникот целосно да згасне. Изворите од редакцијата велат дека менаџментот на вработените им оставил 24 часа за одговор.

„Утре купете Утрински. Бројот можеби некогаш ќе има колекционерска вредност“, напиша на фејсбук една новинарка од весникот. А, потоа следеа лавина статуси за поддршка „И јас сум Утрински“ од сегашни и поранешни новинари во весникот.

Сите јавно коментираат дека денеска можеби и последен пат ќе бидат дел од весникот кој почна да излегува летото во 1999 година. Засега менаџментот на компанијата се воздржува од коментари. Најверојатно, велат изворите на Фактор, го чекаат одговорот од вработените. Во „Утрински весник“ моментална има вкупно 36 вработени сосе новинарите и техничкиот кадар.

„Ако редакцијата реши да ја прифати првата понудена опција – да се избркаат десет луѓе, тогаш тоа не е решение. Тоа само ќе ја продолжи агонијата и ќе биде доведено во прашање функционирањето на весникот. Како може да се прави дневен весник со толку малку новинари?“, вели извор за Фактор од „Утрински весник“.

Вработените се сомневаат дека намерно им е понудена првата опција, за која велат дека е непристоен предлог, со цел да кренат раце и сами да се откажат од „Утрински“. Дури информациите кои се проширија низ редакциите на МПМ одат дотаму дека ова е прв чекор кон стечај не само на „Утрински весник“, туку и останатите весници на компанијата – „Вест“ и „Дневник“.

За новиот бран најавени отпуштања денеска заедничка прес конференција ќе одржат  Здружението на новинарите и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Бизнисот цвета, само весниците венеат

МПМ ги издава трите дневни весници „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“, како и други спортски и забавни магазини и весници. Компанијата МПМ е поседувана од „Графички центар ДОО“, која пак ја поседуваат три фирми – „Мирекс Плус“, „Орка Холдинг“ и „Интернет инвестмент гроуп“. Зад трите фирми сопственици на Графички центар ДОО, стојат бизнисмените Орце Камчев, Јана Станисављева и поранешниот министер за надворешни работи и амбасадор во Германија, Срѓан Керим.

Целосниот текст прочитајте го тука

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e