Врие во прилепски „Еурокомпозит“, поделени 23 отказни решенија!

Најмалку 23 вработени во фабриката за наменско производство Еурокомпозит „11 Октомври“ од Прилеп деновиве добија отказни решенија, поради што, во знак на протест и солидарност, прекинаа со работа најмалку два погони со 60 од вкупно 280 вработени. Ако отказите не бидат повлечени, и ако не биде исплатена барем една од многуте заостанати плати, велат вработените, од понеделник ќе стапат во генерален штрајк.

Вработените одбиле да ги потпишат отказите зашто стравуваат дека ќе останат и без неисплатените плати и придонеси, а фирмата, и покрај ветувањата и најавите, не изготви никаква програма за социјално обезбедување на отпуштените. Тие имаат најмалку по девет неисплатени плати уште од 2013 година, неплатен стаж, пензиско и инвалидско осигурување од мај 2012 година, а воопшто не им е исплатуван регресот за годишен одмор (К-15). На некои од нив фабриката им должи и по 2.500 евра.

Целиот текст објавен на Плусинфо прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e