Во Струга се одржуваат обуки за финансиски менаџмент за граѓанските организации

Денеска и утре, во хотелoт „Дрим“ во Струга се одржуваат обуки за граѓанските организации за да им се помогне во подобрувањето на нивниот институционален, организациски развој и одржливост.

Обуките се на теми од  културата и културната политика, националниот контекст и законодавството, финансискиот менаџмент, подигнување фондови, ЕУ-институции и слично.

Организатори се Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија и Здружението на граѓани Центар за развој на локалната демократија Скопје, како партнери во имплементацијата на проектот „Граѓанско учество за локална демократија“, финансиран oд Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ