ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да ја скандализира аукцијата на хартии од вредност

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по секоја цена се обидува да ја скандализира вообичаена аукција на хартии од вредност, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ на тема финансии.

„Тоа го прават во обид да ја манипулираат јавноста, бидејќи само со креирање на хаос и сеење магла се научени да функционираат. Да биде иронијата поголема, оваа вообичаена пракса за секоја земја односно издавањето на државни хартии од вредност е метод воведен од страна на власта на СДСМ во 2004 година. Разликата е во тоа што денес каматата е 2%, а во време на СДСМ таа беше 5,5 пати поголема“, стои во реакцијата.

Оттука, како што се стои во соопштението, се поставува прашањето за што ги трошеше парите тогаш СДСМ и кој бенефит граѓаните го видоа од толку скапото издавање на државни хартии од вредност, се вели во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e