Седумпати помалку странски инвестиции од очекуваните, Миноски и Мизо нервозни, одбегнаа да одговорат

Министерот за финансии, Кирил Миноски и директорот на Технолошко –индустриските зони Виктор Мизо, одбија да одговорат зошто за десет години во земјава влегле седум пати помалку инвестиции од најавите на Владата. Наместо да одговорат на прашањето, и Миноски и Мизо нервозно изјавија дека настанот на кој пристутвуваат е тематски и е важен за економијата.

АЛСАТ: Зошто наместо најавените 138 странски компании колку што беа најавени за десет години во земјава инвестирале 51 компанија и наместо најавените 3,8 милијарди евра инвестирале 580 милиони евра?“

Миноски: “Не можам да ве пратам, ова го научивте на памет?“

АЛСАТ: „Не, не е на памет, ова се податоци од релевантни институции“.

Миноски: „Денеска говориме за дирекцијата за големи даночни обврзници за приемот на нови компании кои што се битни за македонската економија кои обезбедуваат 50 проценти од вкупните даноци кои што ги прибираме ние како Влада и сметам дека тоа треба да биде темата на разговор на денешниов настан“.

„Настанот е за даноци не можам да ви одговорам на тоа…, рече Виктор Мизо, директор на ТИРЗ.

АЛСАТ:„Дали тоа значи дека политиката за привлекување на странски инвестиции не ги дава очекуваните ефекти?

– „Се извинувам…“, накусо одговори Мизо.

Политиката за привлекување на странски инвестиции Владата ја почна во 2007 година. Изминативе десет години странските инвеститори добиваат низа поволности од државата. Тоа се субвенции чија сума се држи во тајност, разни комунални и даночни ослободувања. Но, наспорти секојдневните бомбастични најави за странските инвеститори, истражувањето на балканската мрежа „Бирн“ ја покажа фактичката состојба.

Од најавените 138 странски инвестиции во последните десет години, само 51 компанија инвестирала во земјава вложувајќи само 580 милиони евра, наспроти сумата од 3,8 милијарди евра што ја најавуваше и ветуваше Владата. Исто така, поради огромното потфрлеање на странските инвестиции, наместо најавените 62.700 вработувања, има отворено само 20.246 нови работни места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e