Руски хакери украле 17 милиони долари

Во Русија се приведени девет лица осомничени дека со хакерски напади украле околу 17 милиони долари од банкарски сметки, соопшти руското МВР.

Организираната група на хакери се состоела од околу 50 лица, а успеале да префрлат повеќе од 16,8 милиони долари од сметки на банкарски институции, соопшти портпаролката на министерството Ирина Волк.

Министерството за внатрешни работи на Русија и Федералната служба за безбедност спровеле и мала акција со цел разбивање на активностите на хакерски групи со членови во 17 руски региони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e