Прераспределба на буџетски средства без дозвола од пратениците!

Владата,користејќи ја актуелната состојба со поплавите,на тесна врата сака да протне уште една измена на закон, со која нетранспарентноста во трошењето на народните пари се повеќе се зголемува

Денеска на  собраниската седница на дневен ред се и измените во законот за буџети, со кои се овозможува Владата да прераспределува средства од Буџетот и без гласот на пратениците.

Ова сецправда со потребата од брзо обезбедување пари во кризни ситуации.
Во член 1 сегашниот закон стои:

Во случај на постоење на кризна состојба одобрените средства во постојната буџетска резерва може да се зголемат со прераспределба на средства само помеѓу министерствата и другите органи на државната управа, за што одлучува Владата на Република Македонија, но намалувањето може да биде најмногу до 5% од постојните буџетски средства на министерствата и другите органи на државната управа и притоа да не се наруши нивното редовно функционирање и вршење на утврдените законски надлежности.

Според опозицијата ова е уште еден удар врз транспарентноста .

„На овој начин му се одзема контролната улога на Собранието во јавните финансии, а тоа е смислата на постоењето на Собранието “, вели Марјанчо Николов од СДСМ, претседател на Комисијата за финансирање и буџет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e