Порачките во градежништвото се намалени во третото тримесечје во однос на претходно

Оценката за состојбата со порачки во градежништвото во третото тримесечје во однос на второто е понеповолна, а финансиската состојба во истиот период е поповолна, објави Државниот завод за статистика.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали со 21 процент, зголемените финансиски трошоци (камати) со 18,6 проценти, конкуренцијата во сопствениот сектор со 14,7 проценти и намалената побарувачка со 11,1 отсто.

Во наредниот период се очекува продажните цени во овој сектор да се намалат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e