Плусинфо: Рудникот „Злетово“ ќе се рестартира само колку Груевски да се слика

Рудникот „Злетово“, според најавите ќе се рестартира за Денот на рударите, 28 август, иако се уште не е подготвен за почеток на експлоатација на рудата. Рестартирањето вчера го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека покрај овој рудник, бугарскиот газда „Минстрој“, планира рестартирање и на рудникот „Тораница“ за месец до месец и пол.

“Рударите со кои разговаравме деновиве велат дека е многу рано за вистинско рестартирање и на двата рудника. Рудникот „Злетово“ не е подготвен за тоа. Нивните проценки се дека со вадење на рудата во овој рудник, ако се интензивираат работите, би можело да се почне при крајот на годината. За „Тораница“, пак, тврдат дека е далеку од рестартирање, бидејќи досега не е направено скоро ништо, а и ги нема исполнето условите за да добие еколошка дозвола и дозвола за работа.” – пишува Плусинфо.

– Можам да кажам дека за сликање рудникот „Злетово“ ќе биде подготвен до недела. Исчистени се главните ходници по кои може една композиција да се симне во рудникот, но да почне експлоатацијата на рудата треба уште многу работа. Се уште не се средени инсталациите и другите работи кои се значајни за нормално работење. Нема ниту механизација за да се реализира тоа. Старата е во лоша состојба, а нова нема. Нема ниту доволно рудари. Досега се вработени околу 100 рудари – вели рудар.

Целиот текст прочитајте го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e