Ново задолжување за раздолжување

Владата утре од домашните кредитори планира да позајми над 43 милиони евра.

Сумата ќе ја обезбеди со издавање на државни хартии од вредност и тоа државните записи се со рочност од безмалку една година, додека парите што ќе ги зајми преки обврзница над 11,3 милиони евра ќе се враќаат за 15 години.

Веќе в среда по основ на доспеани долгови владата ќе треба да исплати скоро идентична сума на пари или 43,2 милиои евра. Заклучно со 2016 година нивото на јавниот долг изнесува 50,1 отсто од бруто домашниот производ или над 4,7 милијарди евра што е двојно повќе од 2008 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e