Ново задолжување од над 61 милион евра

Владата денеска се задолжи за нови 61,3 милиони евра кај домашните кредитори. Новиот заем е со рок на доспевање од шест месеци до 15 години. Парите пак, ќе се искористат за враќање стари долгови во вредност од 62 милиони евра.

Инаку, јавниот долг на Макеоднија за прв пат ја премина границата од 50 проценти од Бруто домашниот производ. Од министерството вчера информираа дека заклучно со третиот квартал, јавниот долг изнесува 50,6 отсто од БДП, што е рекордно ниво.

Дополнителниот министер Кире Наумов алармира дека јавниот долг дневно се зголемува за 2 милиони евра, обвинувајќи ја власта дека ги турка сегашните и идните генерации во должничко ропство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e