Нема услови за формирање национален авиопревозник

Анализите на состојбите на пазарот во овој момент укажуваат на тоа дека нема услови за формирање национална авиокомпанија, одговори на новинарско прашање директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Горан Јандреоски, на работилницата за авијација организирана од „ТАВ Македонија“ во Струга.

– Истражувањата на пазарот се одвиваат во две фази. Анализата на консултантите во првата фаза покажа дека нема одржливост за да се формира национална авиокомпанија и затоа не се премина на втората фаза од истражувањата. Инвестиците во авиони и во кадри се многу големи, а се работи и за процес кој е многу долг – истакна Јандреоски.

За следната година не е планирано да се направи анализа за состојбите на пазарот и, како што информираше Јандреоски, тоа се прави на неколку години.

Исто така, тој додаде дека светското искуство покажало дека не постои полош управник за една авиокомпанија од државата.

Извор: Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e