Кредитниот рејтинг на Македонија намален

Ројтерс го објави соопштението на агенцијата Фич која го намали кредитниот рејтинг на Македонија од „ББ+“ на „ББ“.

Политичката криза, неуспешниот Пржински договор постигнат лани, повеќемесечните протести, бојкотот на парламентот и опструкциите што во истрагите за корупција на високо ниво му се прават на Специјалниот обвинител се наведуваат како причина за намалување на кредитниот рејтинг на земјата.

Ројтерс истоа така посочува дека нестабилната политичката ситуација придонела за “мини-паника” во април, што предизвика повлекување на дел од граѓанските банкарски депозити.

Во соопштението на агенцијата се споменува и последното задолжување од 450 милиони евра во јули, кое поради политичката криза е со повисока камата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e