Искористете ја шансата: Германија бара 700 000 работници, Балканците најценети!

Според најновите податоци, во Германија моментално има дури 691.000 слободни работни места во разни професии.

На оваа земја моментално најпотребни и се работниците во социјалната заштита, малопродажба и подготовка и достава на храна, како и во градежната индустрија.

Дека германските работодавци бараат работници од цела бивша Југославија потврдуваат многу фирми и здруженија на Балканот.

„Германските работодавци се склони повеќе да им платат на луѓе од Србија и од регионот. Најбарани се градежниците, кои се платени помеѓу 1800 и 2300 евра месечно бруто. Значи, за молери, фасадери. керамичари, балконичари, ѕидари и помошници работници на граѓевина минимална бруто саатница оди до 12,5 евра. За работник во малопродажба и угостителство, како што се готвачи, пекари, пица-мајстори, продавачи во продавници и киосци за брза храна, минимална саатница е девет евра, така што овие работници на овие работни места заработуваат во просек 1500 евра месечно бруто“, велат разни посредници.

Германците исто така бараат негуватели, медициснки сестри, медицински техничари, лекари… Платите на лекарите се движат помеѓу 3000 и 4000 евра, месечно бруто плата. а нега на лица се плаќа во просек 19000 евра.

Во Германија сега воведоа значајна новина, па со нега на стари лица може да се занимаваат работници од медицина, со тоа што мора да поминат обука од три месеци во болница или здравствени центри кај нас, кои потоа во Германија би продолжиле во траење од шест месеци, и секако потребно е Б1 ниво на познавање јазик, за што се доволни шест месеци учење. Сега некој со средно училиште може да помине и обука и да работи ако сака.

До работа во Германија во три чекори

1. Работа барајте преку службите за вработување на странци во Германија или следење на конкурси кои ги објавуваат, како и преку роднински и пријателски врски.

2. Идниот работодавец поднесува барање за добивање на работна дозвола и тој документ се предава на германскиот конзулат за да добиете влезна виза.

3. Добивате работна дозвола на три години со можност за добивање на постојан престој.

За повеќето работодавци за медицинска струка е неопходно Б1 ниво познавање на германски јазик, а за лекари специјалисти Ц1. За да ја нострифицирате дипломата, потребно ви е ниво Б2. Од 2016 година за работниците на поранешна Југославија како помошни работници не е потребна ниту стручна ниту јазична диплома, туку знаење на јазик на ниво А2. На пример, ако сте електричар доволно е да зборувате германски јазик за да можете да се разберете со клиентите на основно ниво.

Читајте и за ова:

СРБИН ОД ГЕРМАНИЈА ВРАБОТУВА: Плата до 5000 евра-битно е да сте од екс Југославија!

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e