Инвеститоторски рај за работнички пекол и државно спонзориран ќар

Многу е срамно и болно тоа што треба да ти го одговорам, за јас лично да извршам своја потреба во тоалет треба да се јавам на формен или на тим лидерот. Знаеш ли колку е банално кога ќе отидеш и ќе прашаш може ли во веце да одам?, ова е едно од многубројните сведоштва на работник во странската инвестиција „Дрекслермаер“ коишто професорот Бранимир Јовановиќ ги собира додека истражува за да го напише својот труд за ефектите од привлекувањето на странските инвестиции во Македонија, од една страна и работните услови и работничките права на работниците во овие компании.

Јовановиќ денеска го провомираше својот труд „Вистинската цена на евтината работна сила“ во којшто открива како ќарот на странските инвеститори е практично платен од државни пари“, но за прв пат посветува значајно внимание на третманот на работникот во овие компании и отсуството на можности да ги остварат своите права.

Македонија дава речиси двојно поголеми субвенции од Србија, а има помалку инвеститори

Македонија на странските инвеститори им ги плаќа трошоците за придонеси на вработените, ги ослободува од данок на добивка во првичниот период, од царини, ДДВ, им плаќа и 500,000 евра за изградба на фабриките. Овој концепт беше остро критикуван од страна на домашните инвеститори кои сметаа дека се дискриминари во однос странските инвеститори.

Директните трошоци кои владата ги реализирала во привлекување на странските инвестици во периодот од 2007 до 2015 година изнесуваат 160 милиони евра. Вкупниот број на вработени во фирмите кои добиле државна помош изнесува 12,600 вработени, што значи дека трошоците по вработени изнесуваат 12,580 евра. За споредба, во Србија во периодот од 2014 до 2016, Владата исплатила 159 милиони евра субвенции на странските компании, но овие фирми вработиле 20, 967 работници. Тоа значи дека државните субвениции по работник во Србија изнесуваат 7,644 евра или 5,000 евра помалку од Македонија, пишува Јовановиќ во својот труд.

Инвеститоторски рај за работнички пекол

Анализата за работните услови и работничките права Јовановиќ ја прави теренски и во неа се опфатени пет фирми или оние фирми кои се најзначајни за македонската економија (критериуми се нето добивка, учество во БДП, просечни исплатени плати). Тоа се компаниите „Дрекслермаер“, „Кромберг и Шуберт“, „Џонсон Контрол“, „Ван Хол“ и „Џонсон Мети“. Тие се најголеми работодавци помеѓу странските инвеститори со 10,049 вработени на крајот на 2015 година, а тоа се и компаниите кои оствариле најголема добивка во анализираниот период.

Јовановиќ открива дека работниците во овие фирми се држат на „кратко јаже“, односно на договори кои траат од 3 до 6 месеци со цел постојано да се држат во неизвесност и полесно да бидат отпуштани доколку се побунат или побараат било какво право. Синдикалните организирања не постојат, па дури и се забрануваат, врз вработените се врши мобинг, забрането е користење на слободен ден од одмор (на одмори се оди колективно), чести се повредите на работни места, неможност да се оди на боледување преку вршење притисок врз матичните лекари, се случувале труења, па дури и смртни случаи за кои никој никогаш не понел одговорност, се работи и викенди и празници, а оние кои одбиваат често завршуваат со откази.

Имаше еднаш случа со труење на 50 работници во мензата. Инспекција дојде и заклучи дека вработените не се отруле од мензата. Сите 50 работници кои тој ден јадеа во мензата добија веднаш потоа труење и тоа не било од таму, од нешто друго, сведочи работник кој вели дека инспекторите ги штитат газдите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e