Груевски се фали со нови странски инвестиции додека домашните фирми ги „убива“

На секој партиски собир, на лидерот на партијата на власт како навика му стана да се фали со нови странски компании кои решиле да инвестираат токму во Македонија а заедно со нив фалби и за нови работни места .

Токму еден таков говор од екс премиерот Никоал Груевски можевме да слушнеме и вчера на Годишната Конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

1.Чешка голема компанија која се занимава со железнички транспорт и шински возила  донесе одлука да инвестира во Македонија и да вработи најмалку 600 невработени лица.

2.американска компанија влегува на македонскиот пазар отворајќи канцеларија во Битола со план да вработи 300 лица.

3.Словенечка компанија во браунфилд објект во Крива Паланка ќе отвори производство на ранци за деца кои ќе ги пласира на европскиот пазар..Најавени скромни 50 работни места…

4. Американската компанија Амфенол, почнува со градба нов погон за автомобилски делови во Кочани

Ова се четирите странски инвестиции кои Груевски ги најави вчера повикувајќи се на листата на Дуинг бизнис, за тоа колку „е лесно“ да се води бизнис во Македонија.

Да, можеби е лесно, но за оние привилегираните странски компании на кои им се одврзани рацете.

И додека Груевски нив ги велича, домашните компании буквално ги „убива“ со давачки, даноци и што ли уште не.

Ист третман и привилегии побарани многупати досега

Дека домашните компании немаат ист третман како и странските реагираат и стопанските комори.

Барањата за ослободување на фирмите извознички од давачките за царина и акциза, се нешто на што алудираат постојано бизнисмените од трите најголеми комори .

Домашните фирми не ретко се во сенка на големите од странство кои доаѓаат да инвестираат во Македонија.

Досега многупати можевме и јавно да слушнеме дека државата ги привилегира странските фирми, дури и кога имаат апсурдни барања, а на домашните ретко им дава олеснувања за развој на бизнисот.

„Странските инвеститори се привилегирани. Ние го имаме конкретниот пример кога доаѓа некој инвеститор, без разлика колку е тој голем, зашто и малите, во група, стануваат многу поголеми од големиот, а за него на нозе станува целата влада и се обидува да го направи и невозможното за тој инвеститор да биде задоволен со сите ирационални барања што често ги има. Ние не сакаме ирационалност, ние сакаме нешто практично, нешто што е еднакво и нешто што ќе резултира со тоа што подразбира позитивна економска клима за да се прави бизнис, онака како што прокламира владата“, реагираат од бизнис заедницата.

Клучниот аргумент на Владата за политиките за привлекување инвестиции е дека влијаат врз зголемување на извозот, намалување на невработеноста, и врз учеството во бруто-домашниот производ. Од друга страна домашните бизнисмени се чувствуваат дискриминирани во однос на странските инвеститори.  Субенциите за македонските инвеститори не мора да бидат со парични средства, туку прво треба да се  создадат околности каде бизнисмените ќе се чувствуваат сигурни од државните органи а потоа истите многу повеќе ќе бидат ефикасни и конкурентни во меѓународниот пазар, изјави во кратко интервју за Фактор лани, претседателот на Стопанската комора на Северо-западна Македонија.

Ако гледаме низ бројки, тоа изгледа добро бидјеќи имаме покривање на увозот со извоз, но од тој износ странските компании кои ја менуваат и струтурата и волумот на извозот во нашата земја, ги оставаат само платите, и тоа ниските плати на вработeните и воедно ја оптоваруваат буџетската каса бидејќи за тие вработени државата плаќа даноци и придонеси и слично. Стопанската комора на Северо-Западна Македонија има став дека овие политики не се ефективни за економскиот развој на земјата и секако дека не ги дадоа очекуваните резултати.

И економистите со став Владата да се сконцентрира на домашните фирми

Дел од економистите сметаат дека тоа што во земјава во време на длабока политичка криза се промовираат нови странски инвестиции може да е добар политички трик, кој никој не знае колку тоа ќе го чини буџетот на државата.

„Во трката за профит, странскиот капитал се лоцира таму каде што може да смета на максимизирање на профитот. Ние не располагаме со прецизни податоци за поволностите штоима се нудат на странските компании и, доколку со таквите поволности се покрива евентуалниот ризик од политичката нестабилност, немаат причина зошто да не инвестираат во земјава, вели универзитетскиот професор Сами Беслими.

Економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ смета дека во предизборието граѓаните ќе се изнаслушаат секакви ветувања, за се и сешто, па дури и за странските инвестиции, но додава дека реалноста е малку поинаква.

“Реалноста покажува дека во првите 7 месеци оваа година во Македонија влегле околу 170 милиони евра странски директни инвестиции, што е исклучително ниско ниво, т.е. само 10 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Притоа, ниското ниво на странски инвестиции не е само заради политичката криза. Од 2009 година наваму ние постојано имаме странски инвестиции од околу 200 милиони евра годишно. Тоа укажува дека проблемот е многу подлабок, вели Бранимир Јовановиќ, економски истражувач.

Според Јовановиќ просторот за привлекување на странски инвестиции е исцрпен, и владата треба да се фокусира на домашните инвеститори.

Целиот текст прочитајте го тука

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e