Фирмите треба до среда да издадат пресметки за персонален данок

Најдоцна до 25. јануари фирмите имаат обврска на работниците да им издадат збирна пресметка за исплатени приходи, платен персонален данок и придонеси за минатата година.

Управата за јавни приходи вчера соопшти дека доколку компаниите до 25 јануари не ги издадат овие збирни пресметки за вработените предвидена е глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност, а на одговорното лице ќе му биде изречена глоба во износ од 30 проценти од одмерената глоба за даночниот обврзник.

Издавањето на збирната пресметка е законска обврска врз основа на која граѓанинот ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава.

УЈП напоменува дека до 31 јануари по електронски пат фирмите треба да поднесат до Управата за јавни приходи годишен извештај за извршените исплати на граѓани во 2016 година по основ на откуп на земјоделски производи и годишен извештај за извршениот откуп на корисен цврст отпад од физички лица кои не се трговци поединци во 2016 година. Годишен извештај поднесуваат и организаторите на зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, а до крајот на јануари треба да се поднесе и годишен извештај за извршени исплати на приходи на физички лица во 2016 година, по основ на лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од општи игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по добивка.

Исплатувачите кои извршиле исплата на приходи од добивки од посебни игри на среќа (игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб) немаат обврска да поднесат Годишен извештај ПДД-ГИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e