Со блокадата на Евзони грчките фармери попречија испорака на тонови стока за Македонија

Десетици илјади тони стока за Македонија, почна да се собира на Солунското пристаниште, откако грчките фармери го блокираа граничниот премин кај Евзони. 

Дел од камионите кои превезуваат суровини како челик и никел, направија обид да ја преминат границата преку споредни патишта, бидејќи главните се затворени од трактори и земјодлеци.

Тие беа наредени од фармерите кои протестираат против социјалното осигурување и високите даноци во Грција. Постојат стравувања дека ако блокадата не биде укината до крајот на викендот, акумулацијата на стоки ќе го преоптовари пристаништето и ќе создаде проблеми со компаниите во Македонија, кои ги очекуваат нивните испораки, пишува грчкиот весник „Екатимерини“.

И викеднов Евзони е затворен за сообраќај, додека премините Дојран и Меџитлија се отворени .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e